Македонскиот фудбалски првак Шкендија пред полн стадион ќе го игра утрешниот реванш натпревар против словенечкиот претставник Мура во кој ќе се обиде да ја надомести негативата од 0:1 од првиот натпревар и да избори пласман во 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ).

Како што јавуваат словенечките медиуми, натпреварот против Шкендија предизвикува голем интерес меѓу навивачите на Мура и стадионот „Фазанерија“ во Мурска Собота ќе биде максимално исполнет за утрешниот натпревар што започнува во 20 часот.

Стадионот во Мурска Собота има капацитет од 5.500 седишта, но поради ковид-протоколот, во продажба за дуелот против Шкендија се пуштени 4.000 влезници.

Екипата на Шкендија денеска со чартер-лет пристигна во Словенија и вечерва ќе го одржи единствениот тренинг на стадионот „Фазанерија“.