Реисот Сулејман Реџепи кој четири години беше сингл, одлучил повторно да се жени, објавија повеќе медиуми на албански јазик во Македонија.
– Неговите 74 години не го спречија Сулејман Реџепи да создаде нова лубовно-брачна врска со 50 години помлада девојка. Џематот ни сподели и повеќе информаци, но ние нема да се занимаваме со приватноста на никого. И посакуваме живот како што заслужил, пишува во објавата на Шкупи Нисма на Фејсбук.
Порталот Шќип медиа контактирал со објавувачот на информацијата, кој ја потврдил веста, и додал дека утре ќе објават и фотографи од новата невеста на Реисот.