Мнозинството Шкоти ја поддржуваат идејата за независност од Велика Британија, според анкета чии резултати беа објавени од Институтот „Југов“.
Анкетата за „Тајмс“ покажува дека доколку има референдум, 53 проценти од гласачите би гласале за независност на Шкотска.
Тоа се два процентни поени повеќе од податоците од истражувањето во јануари и е најсилна поддршка за шкотска независност, регистрирана во социолошко истражување од „Југов“.
Податоците покажуваат и зголемување на поддршката за Шкотската национална партија, која може да добие мнозинство во шкотскиот Парламент на изборите следната година.
Според испитаниците – 1.142 возрасни анкетирани помеѓу 6 и 10 август – локалните власти во Шкотска се справиле многу подобро од централните власти во Лондон во борбата против коронавирусот.
Референдум за независност беше одржан во Шкотска во 2014 година. Во тоа време, сепак, мнозинството граѓани гласаа да останат во Обединетото Кралство.