Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната церемонија за почнување на изградбата на коридорот 10 д рече дека досега министри за транспорт и врски биле лица од Прилеп и од Битола, но дека никој не го направил автопатот.
– Затоа сега министер од Штип, (благој) Бочварски, ќе го направи автопатот Прилеп – Битола, или Битола – Прилеп, како сакате, рече Ковачевски.
Тој говорот го заврши со „орук“:
-Дами и господа, да се фатиме за работа, доста беше зборување, порача Ковачевски.
Министер за транспорт и врски од СДСМ, од 2017 до 2020 година, беше и прилепчанецот Горан Сугарески.