Кога го имаме МВР Турс, ем е поефтино, ем имаме загарантирана безбедност при патувањето. Зарем е потребно нешто повеќе од тоа на патот кон Европа?

Сте запнале да идете у Барселона и Лондон, демек Солун и Банско мали ви се. Па зар тие не се ЕУ, нели можете таму да си ги проширувате хоризонтите и културно да се издигнувате? Морало да летате за да се фолирате пред другарите на Инстаграм дека сте се сликале пред Бакингам или пред Катедралата на Гауди, ете може да се сликате во Queens Pub у Банско кај шо пиете пиво…паб е паб шо е битно дал е у Банско или у Лондон, башка и црвени говорници имаат абе също като Лондон. Исто така може да опалите и една добра слика од Цимитски дур шопингувате и јадете гирце како типично грчко јадење.

Притоа да не се лажеме, море е море, дал у Шпанија или у Грција и Бугарија исто ви се фаќа. Исто така плажа е плажа шо има врска дал е Барселонета или Паралија, демек некој ќе примети дали си се сликал ваму или таму…башка има финти на тоа Инстаграмот, сликајте се у Паралија, а чекирајте се на Барселонета и ич да не ви чуе.

Затоа навистина не знам која е потребата од Wizz air. Со рипнатиот стандард на граѓаните со новиот Живот сите имаме минимум 500че у џеб и сосема лагодно можеме да си приуштиме и некој од комерцијалните летови на Austrian и Turkish Airlines. Да не зборувам дека Турците даваат топ храна на летовите, па ќе си стигнеме на крајната дестинација најадени како султани, а не како овие нискобуџетниве едно сендвиче шо ни наплаќаат по 10 евра. Па и и тоа седиштата им се поместуваат во легната или полулегната позиција, а не како во Wizz air лордоза да фатиш од една иста позиција во текот на целиот лет. Ви викам дечки има да летаме како господа, значи прави правцати Европејци.

И само да знаете уште нешто, е тек кога ќе влеземе во  НАТО има да летаме само со прва класа, нека се знае кој е кој и дека не продадовме име за џабе. Така да на патот кој го газиме кон просперитет и благосостојба „Биз ер“ воопшто не ни треба,

 

М-р Мартина Антиќ