Шокантна вечер во Лигата на шампионите. Интер водеше со 0:2 во првото полувреме во Дортмунд против Борусија, за на крај да загуби со 3:2.

На табелата првото место останува за Бараселона која одигра само 0:0 со Славија Прага. Борусија сега има седум бода за втората позиција, а Интер веќе сериозно заостанува со четири бода. Славија е без шанси.
Ајакс на гостувањето во Лондон против Челзи по првото полувреме водеше со неверојатни 1:3, за во 55 минута да зголеми и на 1:4. Интересно, два од четирите гола на Ајакс беа автогол.

Потоа следи намалување на 2:4 со голот на Азпиликуета, но драмата допрва претстои. Во 68 и 69 минута Блинд и Велтман од Ајакс добиваат црвени картони, па екипата од Амстердам продолжува со девет играчи.

Во 71 и 79 минута следат два гола на Челзи преку Жоргињно и Џејмс. Сега е нердшено. Поминаа четири минути кога Азпиликуета го постигнува и петтиот гол за Челзи. Но, судијата решава преку ВАР технологијата да го провери погодокот и кратко потоа го поништува. Останува нерешено, до крајот Ајакс има една шанса, Челзи две од кои е мошне тешко да се промаши, судијата го продолжува натпреварот за четири минути, Лампард се смее велејќи „зар само четири“, но тоа е се.

На табелата двата тима се водство со по седум бодови од четири натпревари, но сега им се придружи и Валенсија со ист број бодови откако вечерва го декласира Лил на свој терен со 4:1. Со тоа Французите испаднаа од трката.

Следното изненадување доаѓа од Неапол каде Напили одигра 1:1 со Салзбург иако на гостувањето победи со 3:2. Во истата група Ливерпул го победи Генк со сиромашни 2:1. Луверпул е прв на табелата со девет бодови, Наполи втор со осум, а Салзбург трет со четири.

Во групата Г, Лион ја победи Бенфика со 3:1 остављјќи ја на последното место. Преходно Лајпицг го совлада Зенит на гостувањето во Русија со 2:0. Лајпциг е прв со девет бодови, Лион втор со седум, Зенит има четири бодови, а Бенфика три.