Во шокантен наод со вознемирувачки импликации за училиштата, 260 деца и вработени имале позитивиен тест на Ковид 19 откако поминале само неколку дена во летен камп во северна Џорџија, се истакнува во студијата објавена во петокот од Центарот за контрола на болести и превенција во САД.
Тоа е досега еден од најголемите случаи на вакво масовно и експресно ширење на Ковид 19 во државата.
Сите советници и кампери „ги поминаа сите задолжителни скрининзи“ и се бараше да имаат негативен тест на Ковид 19 пред да бидат примени во кампот кон крајот на јуни, се вели во студијата. Од 597 учесници во кампот… – во извештајот идентификуван како „Камп А“ – 344 биле тестирани, а 260 биле позитивни.
Тоа е стапка на инфекција од 77 отсто кај тестираните 344 лица. Најголем број на позитивни тестови (повеќе од 50 отсто од тестираните) имало во групата на најмалите деца, на возраст од 6 до 10 години, а 75 отсто од сите деца кои се знае дека биле позитивни на Ковид 19, манифестирале симптоми, покажала студијата.
Наодите имаат длабоки импликации за очекувањата за повторното отворање на училиштата во државата.
„Оваа студија е доказ дека децата од сите возрасти се подложни на инфекција САРС-КоВ-2 и, спротивно на раните извештаи, може да имаат важна улога во пренесувањето“, предупредува студијата.
„Ако имате раширено и брзо распространување на вирусот во заедницата, тогаш не можете да ги отворите училиштата. Нема ни колеџ за отворање. Едноставно, тоа нема да функционира“, рекол Брајан Кастрочуци, извршен директор на Фондацијата Де Бумонт.
Вирусот во кампот започнал да се шири од советник за тинејџери, кој заминал откако се разболел пет дена по советувањата на персоналот и два дена по пристигнувањето на децата. Советникот бил тестиран и бил позитивен на Ковид 19 следниот ден. Организаторот веднаш започнал да ги испраќа децата дома и го затворил кампот три дена подоцна.
Министерството за здравство во Џорџија започна истрага и започна со тестови. Во извештајот посебно се забележуваат „високите стапки на преносливост“, иако во кампот биле следени здравствени упатства – но не сите. На пример, членовите на персоналот носеле маски, но од камперите не се барало да го сторат тоа…
„Релативно големите групи што спијат во истата кабина и се вклучиле во редовно пеење и навивање, веројатно придонесоа за пренесување“, стои во студијата. „Употребата на маски од ткаенини, за кои се покажа дека го намалуваат ризикот од инфекција, не била универзална“…
Настанот го истакнува ризикот во очекување на отворање на училиштата, бидејќи ја истакна важноста да се следат сите здравствени упатства.
„Правилната и постојана употреба на заштитни маски, ригорозното чистење, социјалното растојание и честото миење на рацете, кои се препорачуваат во неодамна објавените упатства за повторно отворање на американските училишта, се клучни за да се спречи преносот на вирусот во настани кои вклучуваат деца“.
Поранешниот епидемиолог Брајан Кастрочуци, извршен директор на фондацијата „Де Беумон“, непрофитна организација во Мериленд која им помага на јавните здравствени агенции, рече дека извештајот претставува сериозно предупредување за училиштата.
„Ова треба да ви покаже колку активно децата можат да го пренесат вирусот“, рекол тој за весникот Атланта (ако се сеќавате, кај во Македонија едно време се тврдеше дека децата не се заразуваат, а ако се заразат, не го пренесуваат вирусот, н.з.)… Гувернерот на Џорџија Брајан Кемп (Р) потпиша извршна наредба во мај, дозволувајќи им летни кампови да работата, под услов сите учесници да имаат негативен тест Ковид-19…