Шолц ја критикуваше израелската политика за населување на окупираниот Западен Брег

/ 18.11.2023

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја критикуваше израелската политика за населување на окупираниот Западен Брег и го повтори повикот за решение на конфликтот со создавање две држави за Израел и Палестинците.

-Не сакаме никакви нови населби на Западниот брег, ниту насилство од доселениците врз Палестинците на Западниот Брег, рече Шолц за време на посетата на Нутетал, во регионот Бранденбург, пренесоа британските медиуми.

Германскиот канцелар ја истакна и важноста на германската хуманитарна помош за Палестинците.

-Германија не е само на страната на Израел, туку заедно со САД е најголемиот донатор на хуманитарна помош за Палестинците, истакна Шолц, наведувајќи дека без таа помош болниците и училиштата нема да можат да работат.


Од истата категорија