Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека неговата влада останува посветена на постепено укинување на нуклеарната енергија, и покрај загриженоста поради порастот на цените на енергијата и можниот недостиг поради војната во Украина.

Германија затвори половина од своите шест нуклеарни централи во декември, а останатите три се очекува да затворат подоцна оваа година, како дел од долгорочниот план на земјата за постепено укинување на таквите централи во корист на обновливите извори на енергија.

Сепак, војната во Украина ги зголеми стравувањата дека германската економија може да биде силно погодена доколку Русија реши нагло да го прекине снабдувањето со природен гас.

Опозициските партии повикаа на продолжување на работата на германските нуклеарни централи.

Шолц ја отфрли идејата, велејќи дека е донесена одлука да се стави крај на користењето на нуклеарната енергија.

– Ние исто така знаеме дека изградбата на нови нуклеарни централи нема смисла, рече тој на прес-конференција во Берлин.