Тензиите меѓу Израел и Иран не се смируваат по неодамнешното убиство на високорангиран офицер на Корпусот на Иранската револуционерна гарда.

Генералот на иранската армија, Киумарс Хејдари, изјавил дека Иран го следи секој потег на Израел, предупредувајќи дека секоја грешка ќе биде казнета, пренесува „Тајмс оф Израел“.

– За секоја грешка на непријателот ќе ги срамниме Тел Авив и Хаифа до земја, по наредба на врховниот лидер, вели Хајдари, командантот на иранските компени сили.

Тој додава дека технолошките достигнувања на иранската армија се трн во окото на непријателот.

– Единиците на копнената армија се опремени со прецизни оружја со голем дострел, а проширени се и капацитетите на дроновите и на оперативните проектили, изјави тој.

Претходно оваа седмица беа откриени детали од извештај според кој безбедносните сили на Тајланд осуетиле и спречиле неколку обиди на Иран да извршат напади врз израелски и западни воени цели во Тајланд.

„Тајмс оф Израел“ пишува дека Иран наводно се обидувал да се одмазди за убиствата на неколку свои генерали, меѓу кои и полковник на Корпусот на Исламскатга револуционерна гарда.