Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја увери Украина дека неговата земја ќе ја поддржува против руската инвазија онолку долго колку што е потребно.
– Германија цврсто стои на страната на Украина, денес и се додека на Украина и е потребна нашата поддршка, рече Шолц во видео пораката што ја објави на својот Твитер профил по повод националниот празник на земјата нападната од соседна Русија.
– Ќе продолжиме да доставуваме оружје, да ги обучуваме украинските војници да ја користат најдобрата европска опрема, вети тој.
Вчера Германија објави дека ќе и испорача уште оружје на Украина, дел од тоа во текот на следната година. Пратката ќе биде во вредност од 500 милиони евра.