Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа повика на мирно решение на конфликтот меѓу Белград и Приштина.
– За мене е многу важно ситуацијата дополнително да не ескалира ситуацијата меѓу Србија и Косово. Сакаме мирно решение и многу сме посветени на тоа. Германија, Франција и Италија се особено активни во ова прашање, рече Шолц на заедничка прес-конференција со бугарскиот премиер Николај Денков во Берлин.
Тој додаде дека за ситуацијата во Косово ќе се разговара денеска и утре кога лидерите од речиси 50 европски земји ќе се сретнат во Гранада, Шпанија, на Самитот на Европската политичка заедница. ссм/