Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Западот ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно, но не би било „мудро“ Киев да го користи оружјето што го добива за напад на руска територија, објави Ројтерс.
Во интервју за германскиот јавен сервис ЗДФ, Шолц рече дека испраќањето авиони во Украина за борба „во моментов нема логика“.
На почетокот на месецот Германија одобри испраќање тенкови Леопард во Украина.