Шпанецот Пабло Ернандес де Кос е на пат да ја наследи Кристин Лагард на функцијата претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), по консултациите меѓу лидерите на Европската Унија – изјавија денеска за ДПА дипломати на ЕУ.
Номинацијата на Ернандес де Кос треба дополнително формално да биде одобрена од земјите членки на еврозоната.
Поддршката за шпанскиот кандидат следува откако Холандија ја повлече кандидатурата на Клас Кнот, поранешен гувернер на холандската централна банка и единствениот друг кандидат за функцијата.
Функцијата претседател на ЕЦБ ќе се испразни порано од очекуваното, откако Лагард соопшти дека ќе ја напушти на 7 февруари 2027 година, речиси девет месеци пред истекот на нејзиниот првично предвиден мандат.
Лидерите на ЕУ ги поддржаа и кандидатите за други високи функции во Европската централна банка. Германецот Маркус Брунермајер треба да стане нов главен економист на банката, додека Французинката Лоренс Бун се очекува да се приклучи на Извршниот одбор на ЕЦБ.




