Селекцијата на Шпанија е првиот финалист на 17. Европско фудбалско првенство кое се игра во Германија.

Шпанскиот состав оваа вечер славеше над Франција во Минхен со 2-1 и обезбеди место во последниот меч на турнирот, меч на кој ќе игра за четвртата титула на оваа сцена, прва по 2012 година.

Избраниците на Де Ла Фуенте беа тивко во второто полувреме, но она што го направија во првиот дел се покажа како доволно за пласман во следната фаза.Веќе во 25 минута беше 2-1 благодарение на голот на Олмо.

По промашената шанса на Руиз стигна казната и Франција го отвори резултатот преку Коло Муани на асистенција на Мбапе. Меѓутоа потоа дојде одговорот на „црвената фурија“, прво Јамал со ремек дело го израмни резултатот во 21 минута и со тоа стана најмладиот стрелец во историјата на ЕП.

Ривал на Шпанците ќе биде подобриот од утрешниот дуел меѓу Холандија и Англија што се игра во Дортмунд.