Даниел Кларк потпиша двомесечен договор со шпанскиот кошаркарски прволигаш Морабанк Андора. За Кларк ова е враќање во клубот во кој играше заедно со Војдан Стојановски пред да дојде во МЗТ.

Британецот, кој во дел од сезоната 2016/2017 настапуваше за МЗТ Скопје Аеродром, по заминувањето од македонскиот првак, во кој не се прослави и само повремено покажуваше квалитет, без проблеми си наоѓа ангажман во една од двете најсилни лиги во Европа, шпанската АЦБ лига.

После МЗТ, високиот 31-годишен шутер кој не игра добро во одбрана, играше за шпанските прволигаши Мурсија, Гипускоа и Фуенлабрада, а сега се договори со Андора.