Џулијан Асанж секојдневно бил шпиониран додека се криеше во еквадорската амбасада во Лондон, а фирмата што беше ангажирана за тоа, сега е под истрага, пренесува Ел Паис.

Во јули, шпански медиуми објавија дека Асанж, кој е обвинет по 18 обвиненија а САД бара негова екстрадиција за откривање на државни тајни, бил набљудуван секој ден од шпанска приватна фирма за безбедност.

Виши суд во Шпанија сега ги истражува активностите на фирмата ангажирана од еквадорската влада да ја штити амбасадата на таа земја во Лондон. Се испостави дека компанијата исто така го шпионирала и Асанж, кој таму помина седум години, пренесува Ел Паис.

Компанијата ги поставила камерите на почетокот на декември 2017 година, така што и САД да имаат пристап до надзор. Според весникот, сите состаноци со посетителите и адвокатите биле континуирано снимени од декември 2017 година до март 2018 година и потоа биле проследени до американското разузнавање.

Истрагата против сопственикот на компанијата Дејвид Моралес и неговата фирма ја нареди судијата Хосе де ла Мата неколку недели откако беа објавени првите снимкит и аудио записи, кога стана јасно дека компанијата спроведувала шпионски активности против основачите на Викиликс. Следеше кривична пријава поднесена од самиот Асанж, обвинувајќи ја „Ундеркавер глобал С.Л.“ и нејзиниот сопственик за нарушување на неговата приватност и тајноста на привилегии на клиентот.

Во извештајот се наведува дека Моралес, поранешен член на војската, повеќе пати вербално и писмено изјавил дека работел за Американците и покрај тоа што бил ангажиран од еквадорската влада и разузнавачките служби во име на тогашниот претседател на Еквадор, Рафаел Кореја, кој во 2012 година му го призна еквадорското државјанство на Асанж, роден во Австралија, за да го скрие во амбасадата на земјата во Лондон.

Шпионажните активности против основачот на Викиликс, наводно, се засилиле по доаѓањето на новиот претседател на Еквадор, кој ја презеде функцијата во мај 2017 година и го предаде Асанж на британските власти во април годинава.