Шпанската десничарска Народна партија беше остро критикувана и призна дека дозволила грешка откако на Твитер објавија видео-клип во кој индиректно посакуваат смрт на премиерот социјалист Педро Санчез.

Владата соопшти дека ќе побара од Обвинителството да оцени дали тој твит нарушува закони и ако случајот е таков, да ги изведе прес суд авторите на виеоматеријалот.

Видеото беше објавено пред утрешното Богојавление, голем верски празник во Шпанија.

Видео-клипот предизвика остри критики дека Народната партија отишла предалеку во посакување смрт на премиерот. Партијата го повлече твитот и објави извинување.

Во него се читаат желби до Господ:

-Омилен актер ми беше Робин Вилијамс, и ми го зема.

-Мојот омилен стрип беше Чикито де ла Калзада, и исто така го зема.

-Јас само ти пишувам друго писмо да ти кажам дека мојот омилен премиер е Педро Санчез.