Неонацисти од Америка се спремаат да се префрлат во Германија и во таа земја да отворат своја канцеларија, открива „Шпигел“.
Станува збор за неонацистичката „Нуклеарна бригада“ која во САД дејствува под германското име „Atomwaffen” (АВД) и се стреми да дејствува „со насилство па дури и со убиства“, пишува германскиот магазин.
Во написот се објавува внатрешен документ на неонацистичката организација во која се вели дека „ќе го вратиме човекот кој практикува насилство, насилство од најквалитетен вид“.
Според „Њујорк тајмс“ во САД има поддржувачи на АВД кои се обвинети за пет убиства. Исто така, се обелоденува дека најмалку еден поддржувач на АВД учествувал во „камп на омразата“ во САД, додава „Шпигел“.
Според „Њујорк тајмс“, АВД е една од најнасилните екстремни десничарски групи која има децентрализирана структура и е за многумина сосема непозната организација.