Поранешен висок претставник на Ватикан го обвини папата Франциско дека знаел за сексуалните злоупотреби од истакнат американски кардинал цели пет години пред да ја прифати неговата оставка. Поради тоа побара од понтифот да си поднесе оставка.

Писмото напишано на 11 страници се објавува во време кога папата е во дводневна посета на Ирска, каде последен пат беше во 1979 година.

Писмото, кое им е дадено на некои конзервативни медиуми, е од кардиналот Карло Марија Вигано во кое тој обелоденува дека во 2013 на Франциско му зборувал за многуте обвинувања за сексуални злоупотреби кон кардиналот Теодор МекКерик.

Ватикан вчера немаше коментар на писмото.

МекКерик е првиот кардинал во поновата историја кој поднел оставка како црковен лидер, откако се потврди оти обвинувањата дека сексуално злопутребувал 16-годипно момче биоле точни.

Инаку, тој е еден од црковните великодостојници на Римокатоличката црква вмешани во масовни сексуални злопутреби, нешто што во 2002 година го обелодени весникот „Бостон глоуб“.