Едно обемно научно истражување во САД покажало дека за веме на кризата здравство во Грција било уништено, а тоа резултирало со поголема смртност на населението.

Покрај истражувањето на Универзитетот во Вашингтон, Светската здравствена организација направила своја анализа во која посочува на „значителни предизвици“ за грчкото здавство и покрај амбициознте промени кои се направени со цел да се подобрат услугите особено кај популацијата која не е покриена со здравствено осигурување. Се заклучува дека финансискиот притисок создал долгорочни проблеми.

Најновото истражување покажува дека здравјето кај Грците нагло се влошува, а бројот на смрни случаи е зголемен откако почнале мерките за штедење наметнати од ММФ и од ЕУ во 2010 година.

Како особено загрижувачки податок се посочува зголемената смртност кај деца помали од пет години, која е пред се резултат на ограничениот пристап до медицинските ресурси, како на пример пристап до превентивна контрола или до итните служби.

До 2010 година стапката на смртност изнесувала 5,6 проценти, а потоа нагло се искачила на 17,7 и тоа токму во периодот на спроведување на мерките за штедење. Тоа споредено со земјите од ЕУ, е за трипати поголема стапка на смртност. Драстичен скок на смртни случаи се бележат кај заразните болести, породилните случаи и болести поврзани со исхрана.