Земјотрес од 6 степени, кој се случил на само пет километри под земјата, го стресе западен Иран, соопшти денес Американскиот институт за геолошки истражувања (УСДС). Најмалку две лица загинале, а повеќе од 200 се повредени.

Епицентарот на земјотресот бил на 26 километри од Јаванруп во провинцијата Керманаш.

Иранската агенција Ирна објави дека во земјотресот загинале 2 лица, а 241 се повредени, од кои шест се во сериозна здравствена состојба.

Во многу села во регионот прекината е електричната енергија, а посебен проблем претставува што некои населени места останале без вода за пиење.

По силниот земјотрес била регистрирана серија од уште 21 помали потреси.