Поранешниот италијански премиер Ренци, чија Влада беше мошне активна во разузнавачките дејности во текот на изведбата на пучот во РМ со кој е инсталиран Зоран Заев, влезе во пресметка со екс советникот на Доналд Трсамп, Гркот Џорџ Пападополус и најави дека ќе го тужи, пренесе Ројтерс.

Во интервју објавено во петекот во, нам познатата Ла Верита, Пападополус изјави дека Ренци се обидел да ја поткопа кампањата и победата на Трамп и дека тоа го правел најверојатно по наредба на Барак Обама.

Ренци ги отфрли обвинувањата велејќи дека тие сериозно наштетуваат на неговиот углед и додаде, обраќајки се на Пападополус: „Ќе се видиме на суд“.

Пападополус возврати на Твитер нарекувајќи го „пропаднат бивш италијански премиер“ и ги повтори обвинувањата дека Ренци се обидел да влијае на изборите во САД во 2016 г.

Пресметката започна претходно кога Пападополус на Твитер објави дека „италијанската шпионска афера ќе ја уништи политичката карирера на Матео Ренци, поранешен социјалистички премиер во 2016“, постирајќи фотографија од неговото интервју за Ла Верита.

Пападополус учествуваше во кампањата на Доналд Трамп, а беше принуден да се повлече откако се покажа дека лажел пред ФБИ во 2017 година за контактите со луѓе кои тврделе дека имаат врски со врвни лица во официјалата руска политика.

Ројтерс пишува дека американското разузнавање и специјалниот обвинител Роберт Милер заклучиле дека Русија влијаела на изборите во 2016 година во САД со цел да се пропагира кандидатурата на Трамп и да се дисквалификува Хилари Клинтон.