Штипскиот гимназијалец Даниел Христов освои бронзен медал на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет, соопштија денеска од гимназијата „Славчо Стојменски“-Штип.
-Со особена гордост објавуваме дека нашиот амбасадор Даниел Христов освои бронзен медал на овој значаен успех е резултат на огромен труд, посветеност и љубов кон науката. Даниел достојно ја претстави нашата гимназија и покажа дека знаењето навистина вреди.
Горди сме на тебе! Честитки за извонредното достигнување и нека ова биде само дел од твоите големи успеси-велат од СОУ „Славчо Стојменски“-Штип.
Менделеевата олимпијада по хемија е најстарата, најтешка и најпрестижна олимпијада по хемија, а се одржа во Москва, Русија.
МИА




