Со 2.000 тони злато во девизни резерви, Русија се приближува кон рекордот на Советскиот сојуз од 2.800 тони во 1941 година.

Финансиските аналитичари велат дека Москва тежнее кон финансиска независност, и да се оттргне од доларот.

Русија купуваше злато додека траеше кампањата за изборите во САД, но и откако е избран Доналд Трамп тие не запираат со купување злато.

Се смета дека овој тренд ќе продолжи, а за една деценија Русија ги зголемила златните резерви за 10 пати.

Руските златни резерви сега вредат 460 милијарди долари, а целта е тие да надминат 500 милијарди долари.