Авионските летови од аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз и од другите француски аеродроми денеска се реализираат со повремени прекини поради штрајковите и протестите на аеродромските работници кои бараат повисоки плати за да се одржи чекор со растечката инфлација.

Штрајкот е уште една отежнувачка околност за деловната активност на аеродромите што се уште закрепнуваат од двегодишните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Вработените на аеродромите денеска најавија дека преку штрајк ќе се обидат да го свртат вниманието по однос проблемите предзвикани од инфлацијата.

Француската управа за цивилно воздухопловство објави дека во перидоот меѓу 7 и 14 часот се откажани 17 отсто од редовните летови од аеродромот „Шарл де Гол“ и „Орли“ во Париз. Најавени се протести на врботените на двата аеродроми, а аеродромските власти во Париз предупредија на потенцијални доцнења на влезот на терминалите и пријавувањето, на пасошката контрола и при безбедносните проверки. Синдикатите соопштија дека штрајкот би можел да трае до недела.

Вработените бараат ретроактивно зголемување на платите за шест отсто до 1 јануари, додека раководството предлага три отсто, јавуваат француските медиуми.