Француските синдикални активисти ја прекинаа работата во две од осумте рафинерии за нафта, а продолжија да протестираат и поради пензиските реформи.

Штрајкот што трае повеќе од три недели, е најдолг во историјата на Франција, додека францускиот  претседател Емануел Макрон опстојува на ставот за спроведување на пензиските реформи, како и зголемување на старосната граница за пензионирање на 64 години.

Француската Влада е во преговори со синдикатите и им нуди компромис на пилотите, форензичката полиција   и на неколку други групи.

Синдикатите ги продолжија  протестите кои денеска предизвикаа нарушување на работата во рафинеријата за нафта југоисточно од Париз и пристаништето Марсеј.

Францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер истакна дека ова нарушување на работата нема да влијае на недостиг на бензин и ги повика возачите да не паничат.

Штрајкот денеска запре половина од брзите возови во Франција, додека туристите и парижаните се принудени се возат во помал број автобуси и метроа.