Бројот на починати од новиот коронавирус во Швајцарија во последните 24 часа се зголеми за 19 на 559 жртви, соопшти денеска Министерството за здравство на земјата.

Бројот на луѓе позитивни на Ковид-19 се зголеми од 20.278 на 21.100.

Швајцарија досега тестирала повеќе од 158.000 луѓе.