Владејачката Социјалдемократска партија (САП) во Шведска в недела ќе го соопшти својот став за потенцијалната апликација на државата за членство во НАТО, изјави денеска генералниот секретар на партијата, Тобијас Баудин.
Партиското раководство одлуата заедно со премиерката Магдалена Андерсон ќе ја донесе на посебен состанок закажан за в недела, потврди тој.
Руската инвазија врз Украина предизвика интензивни јавни расправи во Шведска и во соседната Финска за нивно можно зачленување во НАТО.
САП која ја предводи малцинската Влада во Шведска, е под притисок да ја смени позицијата по прашањето, во услови кога во партијата гласни се предупредувањата дека не треба да се избрзува со донесувањето одлука по толку важно прашање. Пред почетокот на руската агресија во Украина партијата се спротивставуваше на влез на Шведска во НАТО, залагајќи се за неврзување на својата армија од какви било сојузи.
Промена на партискиот став по прашањето би бил голем потег, како за самата партија така и за државата.
Владејачките социјалдемократи во Финска од чии редови е и премиерката Сана Марин, најавија дека ставот по прашањето за членството во НАТО ќе го објават дена порано – в сабота.