Терористичката организација Исламска држава денеска презеде одговорност за нападот во Синај во кој загинаа 11 припадници на египетската војска.

Завчерашниот нападот на воената станица во Синај, каде дејствуваат радикални ќелии поврзани со Исламска држава го осудија повеќе држави во светот.

Африканската Унија, Париз, Вашингтон, како и Картум, го осудија, како што го нарекоа, терористичкиот чин.

Претседателот на Египет, Абдел Фатех ал Сиси нагласи дека, ова нема да ја разниша одлучноста на земјата и на нејзината војска да стават крај на злото на тероризмот.