Според последниот извештај на италијанското министерство за социјална работа и прашања, само во октомври годинава 105 малолетници од Албанија, без придружба, побарале засолниште во оваа земја.
Албанските малолетници се рангирани како најбројни по оние од Египет, Тунис, Авганистан, Пакистан и Гвинеја.
Вкупниот број на малолетни имигранти Албанци без родители во Италија годинава е 1.353 при што 43 од нив се девојчиња.
Јавна тајна е дека децата до Италија пристигнуваат со родителите по што тие се враќаат во Албанија. Децата ги оставаат таму бидејќи според италијанските закони загарантирано им е згрижување и образование до нивната полнолетност, по што се вклучуваат во италијанскиот општествен живот.
Ваквата појава е присутна со години наназад, со различен интензитет, со цел, како што велат самите родители, да ги спасат од сиромаштијата и да им обезбедат подобар живот.
Албанската дијаспора во Италија брои над 400 илјади и е втора по бројност, по онаа во Грција.