Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе го посети Истанбул на покана на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, соопшти неговата прес-служба.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, двајцата претседатели ќе остварат работна средба. Соработката на полето на економијата, енергетиката, миграцијата и безбедноста, како и транспортното поврзување меѓу двете соседни балкански земји се очекува да биде во центарот на средбата меѓу Радев и Ердоган во Истанбул.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, Бугарија во последните две недели води активна балканска политика, во чии рамки Софија ја посетија претседателката на Косово, Вјоса Османи, како и грчката претседателка, Катерина Сакеларопулу.