Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска соопшти дека проимигрантски настроена владата на Шведска повторно ја напаѓа
Унгарија поради политиката кон мигрантите, а поради критика на шведските министри го повика амбасадорот на таа земја на разговор.
Унгарското Министерство за надворешни работи наведува дека шведската министерка за миграција Хелене Фрикон ја критикувала имигрантската политика на Будимпешта.
Шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром напиша на Твитер дека унгарскиот премиер Виктор Орбан и италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини формираат алијанса против демократите, а унгарското Минисерство во соопштението истакнува дека тоа е лага.