Како што јавува ХИНА, а пренесуваат хрватските медиуми, пред денешниот формален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, посветен меѓудругото и на мигранстката криза, унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто истакнал и дека со нетрпение го очекува состанокот кој се одржува во замокот Лужничи крај Запрешиќ.

„Ќе биде интересно да се види како оние држави кои во 2015 година ја критикуваа Унгарија заради затворањето на границата за мигрантите, сега бараат и ја поттикнуваат Грција да го стори истото. Ќе биде забавно да се чујат“, рекол Сијарто очигледно со зајадлив тон.

Унгарија беше на мета на евроските држави поради затворањето на границата за мигрантите при минатата криза во 2015 година. Сега, сите европски држави, меѓу кои и Германија, а вклучително и Европската комисија на чело со Фон Лајен, бара херметичко затворање на границата од страна на Грција. Кога се има ова в предвид, разбирлив е тонот на Сијарто.

Претходно, односно во вчерашната изјава, тој истакнал дека со нетрпение очекува и да чуе како тоа во време на санкции кон Русија, наметнати од западните држави, истите тие држави ја зголемиле трговијата со Русија.