Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала денеска е регистриран во југозападна Јапонија.
Според Јапонската метеоролошка агенција, епицентарот на земјотресот бил во близина на островот Амами-Ошима во округот Кагошима.
Земјотресот го почувствувале и жителите на Окинава и на островот Кјуши.
Не е издадено предупредување за појава на цунами.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.