Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамикиот институт на грчката Национална опсерваторија  епицентарот на земјотресот бил на 19 километри северозападно од грчкиот остров Самос.

Епицентарот е на 50-60 км од Измир во близина на грчкиот остров Самос.

Земјотресот бил почувствуван дури и во Софија, иако е на 550 км далечина.

Според некои извори земјотресот бил со сила од 6,9 степени спород Рихтер, а во Измир некои згради се пред уривање.