Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер беше регистриран во централниот дел на Грција, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, епицентарот бил во близина на грчкиот град Лариса, а се почувствувал во централниот и северниот дел на Грција.