Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала попладнево е почуствуван во Косово.

Епицентарот бил на 52 километри северозападно од Приштина во 17 часот и 32 минути.

Засега нема информации за евентуални штети, но граѓаните од овој регион, по силниот потрес излегле надвор од своите домови, поради стравот од разорниот земјотрес што минатата година ја погоди соседна Албанија, во кој имаше повеќе жртви.