Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и кандидатката за претседател од таа партија Гордана Силјановска Давкова денеска во Брисел остварија неколку средби со членови на Европската Народна Партија (ЕПП).

-Средбите со нашите пријатели во Брисел се искрени: ние ги изложивме нашите забелешки за лошиот тек на реформите и стравувањата во врска со претстојните избори, но и од нивна страна добивме искрени укажувања да не се надеваме на брзо отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Оттука, нека не ве изненадат нашите загрижени лица! Но, решителни сме да го означиме почетокот на крајот на оваа влада која како коцкар стави се’ на една карта – и изгуби! Сега тоа треба да го казниме со јасна и заедничка порака на изборите: доста беше!, напиша Гордана Силјановска Давкова на Фејсбук.