Гордана Силјановска Давкова на вечерашната претседателската дебата на МРТ истакна дека во Македонија фамилии поседуваат цели градови и владее мафијата. Говореше за економијата и за сумата на странски инвестиции со која се фали владата на СДСМ, посочувајќи дека 80 проценти од таа сума е реинвестирана добивка од компании кои инвестирале во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во право е господинот Робер Хајзл кога вели дека сите држави имаат мафии ама на Балканот мафиите имаат држави, кронизам, плутократија, клиентелизам. Кај нас цели фамилии поседуваат свој град. Јас кога ја употребувам бројката 60 милиони вистински инвестиции, не зборувам напамет. Се консултирав со луѓе од Стопанската комора и Стопанските комори, тие велат дека останатите се реинвестирана добивка, потенцираше Силјановска.

За крај таа побара од Пендаровски да му наброи некои странски капитални инвестиции во Македонија.

-Ако е така грандиозно нивото на инвестиции, може ли да ми посочите некои капитални инвестиции. Тоа се огромни суми и веројатно се очигледни, запраша таа.

На што Пендаровски немаше одговор, а во салата каде се одвиваше дебатата завладеа непријатна тишина.