Во вторникот требаше да се одржи дебата на ТВ Алфа меѓу Гордана Силјановска и Стево Пендаровски со Искра Коровешовска како водител, но по првичната потврда од неговиот штаб, Пендаровски го откажал учеството.

Претходно тоа се случи со дебатата на Телма, па по ова второ откажување на Пендаровски, Силјановска реагираше на Твитер:

„По откажувањето на дебатата на ТВ Алфа, не ми преостанува ништо друго освен да го поканам Стево на дуел во танцување, бидејќи денеска е ден на танцот. Белким нема да се откаже од тој дуел“, напиша Силјановска.