На дебата посветена на меѓународните односи и македонската дипломатија, професорката Гордана Силјановска Давкова, која е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека во меѓунродните односи клучна е улогата на претседателот на државата, но за важните прашања претходно да се обезбеди внатрешен консензус, потенцираше Силјановска Давкова на трибината на која присуствуваше и екс претседателот Иванов, пренесе Канал 5.

-Собранието е главниот креатор и на надворешната политика. Точно е дека министерот за надворешни рбаоти има улога, но исто така уште поточно е дека прв во меѓународните односи е претседателот. Многу логично е дека можете да се обратите пред парламентот. Ако надворешната политика е ваша примарна сфера, зошто да не се обратите пред пратениците, посредно ќе се обратите до граѓаните и покажувате дека не заминувам на ваков тежок пат, преземање на ваков тежок чекор, без да постигнам консезус дома, истакна Силјановска за улогата на претседателот во меѓународните односи.