Најмалку 18 лица се повредени во невреме, проследено со град со големина на портокал, што денеска го зафати италијанскиот град Пескара.

Повредените се однесени во болница, со повреди на глава и модрици.

Во невремето паднале и двестегодишни борови дрва во близина на Равена, а поплавени се делови на Ромања и Абруцо.

По бурата во Пескара, улиците се претворени во реки на неколку локации.

Патот над градот е напукнат, поради што градоначалникот Карло Масци испрати итна помош на местото на настанот.

Силното невреме што изминатите два дена ја зафати Италија предизвика незапаметени поплави.

– Особено сум загрижен поради силните дождови, бидејќи можат да предизвикаат нови поплави и лизгање на земјиштето во Италија, изјави метеорологот Тајлер Роуз.

Бурата во централниот дел на Италија исто така може да предизвика проблеми и на патиштата.

Според метеоролозите, утре се очекува ново невреме во јужна и југоисточна Европа.

Невреме проследено со грмотевици вечерва и утре се очекува и во јужна Србија, Македонија, Грција, Бугарија и Турција.