Мартин РИСТЕВСКИ

Еден од пациентите на Физикална рехабилитација во Козле беше татко ми.

Откако излезе првиот случај со заболениот пациент, него експресно го пуштија од болницата со цел да не се зарази.
Иако татко ми е во домашна изолација, нема никакви симптоми на Корона, во разговор со неговиот физиотерапевт, денес се испоставило дека и физиотерапевтот и болничарот кој што им носел храна на пациентите се заразени од вирусот.

Веднаш реагиравме, прво со кој памет го пуштија лекарите пациентот кој лежеше таму 18 дена, без да му направат тест и да бидат сигурни дека се е во ред.
Ниту државната, ниту приватните болници не дозволуваат веднаш да платиме и да го направиме тестот за КОВИД-19, ни рекоа доколку нема симптоми нема да се направи тестот.

Сепак, утре ќе го направи тестот по големи притискања од наша страна.

Срам да им е на институциите!