Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ги збесна Грците откако се појави на фотографија на која се гледа карта на која делови од Егејското Море и источниот брег од Крит на мапата се дел од Турција.

Фотографијата е направена при посетата на турскиот претседател на Националниот универзитет за одбрана, на која Ердоган потпишуваше книги за гостите.

Картата позади Ердоган покажува дека границата на Турција се протега преку грчките острови во источниот и југоисточниот дел на Егејското Море, а картата е со наслов „Турција, сината татковина“ и ги опфаќа 462.000 км2 од Грција за кои Турција тврди дека се дел од нејзината територија.