Вредноста на Синдикалната минимална кошница за октомври 2023 година изнесува 46 198 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Најголем дел од кошницата, 44,06 отсто или 19 668,36  денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837,18 денари.

За домување во октомври биле потребни 13 716,86 денари или 30,73 отсто, за хигиена 3 267,42 денари или 7,32 процента, за превоз 3 735 денари или 8,37 отсто, за облека и обувки 2 343,63 денари или 5,25 проценти, како и за култура 1 067,86 денари или 2,39 отсто.

фото: МИА архива