Синот на една од најголемите кошаркарски ѕвезди во НБА лигата, Леброн Џејмс, 18-годишниот Брони Џејмс доживал срцев застој во текот на тренинг, а за среќа сега е во стабилна состојба и не е на оддел за интензивна нега.

Американските медиуми објавија дека Леброн Рејмон „Брони“ Џејмс помладиот во текот на тренингот со кошаркарската екипа на Универзитетот на Јужна Каролина (USC) доживеал опасни срцеви проблеми по што без свест бил пренесен во болница. Но сега е во стабилна состојба и повеќе не е на одделот за интензивна нега.

„Брони Џејмс во текот на тренинг доживеа срцев застој. Медицинскиот персонал успеа да го однесе Брони во болница. Сега е во стабилна состојба и повеќе не е на интензивна нега. Молиме за почитување на приватноста на семејството Џејмс и ќе ги известиме медиумите кога ќе има повеќе информации“, соопшти портпаролот на семејството Џејмс за онлајн-таблоидот TMZ Sports.

„Леброн и Савана сакаат јавно да изразат најдлабока благодарност на медицинскиот и спортскиот персонал на USC за нивната неверојатна работа и посветеност на безбедноста на своите спортисти“, се додава во соопштението.

Брони, кој е најстариот син на Џејмс, е на првата година на студиите на Универзитетот на Јужна Каролина. Во октомври ќе наполни 19 години, кога ќе ги исполни условите за регрутирање во НБА лигата во 2024 година.

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс и најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата, претходно изјави дека се надева дека ќе заигра во исти тим во НБА со својот син Брони.

„Тоа е планот. Ако Господ даде“, рече Леброн Џејмс во едно интервју во мај 2022 година.

Двојката Џејмс имаат уште ги имаат и 18-годишниот син Брајс и 8-годишната ќерка Жури.