Лоциран во новиот шопинг мол во близина на кулите „Џевахир“, наскоро треба да започне со работа новиот кафе бар каде сопственик е синот на ексградоначалникот Петре Шилегов, објавува Курир.

На социјалните мрежи веќе се појавија објави на кои се рекламира новиот локал, името на кафулето е „Бабилон“.

Инаку, синот на ексградоначалникот, од пред две години е сопственик и на кафуле лоцирано во трговскиот центар „Ист Гејт“, а неофицијално тој менаџира и други бизниси лоцирани во Скопје, пишува Курир.