Иван Шилегов, синот на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, ќе раководи со угостителска подружница во Ист Гејт Мол, најголемиот затворен трговски центар во Македонија кој треба да ги прими првите посетители следниот месец.

На адресата на Ист Гејт Мол е регистрирана подружница на Папас-Гроуп во која основна дејност ќе биде подготовка и послужување на пијалоци, а помладиот Шилегов ќе биде нејзин раководител како овластено лице.

„Фактор“ се обидел да стапи во контакт со синот на градоначалникот на Град Скопје, но тој не одговарал на телефонски повици и пораки во обидот да се дојде до одговор дали станува збор за меѓународна франшиза и за каков тип на угостителски објект станува збор.

Извор: Фактор