Русија, по одлуката на сириските власти да го затворат неботото над Идлиб, не може да и гарантира безедност на турската авијација во Сирија.

Тоа на брифингот го изјавил раководителот на Центарот за помирување на завојуваните страни во Сирија, Олег Журављов.

„Имајќи во вид дека дојде до ескалација на ситуацијата во воздушниот простор над провинцијата Идлиб, сириските власти беа принудени да го затворат небото. Во тие услови, руската команда не може да и гарантира безедност на турската авијација над Сирија“, рекол тој.